Цени во земјоделството во декември

55

Цените во земјоделството во декември 2019 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот се зголемени за 3,4%, а кај аутпутот се бележи зголемување од 1,8%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во декември 2019 година, во споредба со декември 2018 година, цените на тековно потрошени средства во земјоделството имаат пораст од 3,7%, а кај цените на средствата наменети за инвестиции во земјоделството има пад од 0,4%.

Во делот аутпут, во декември 2019 година, во споредба со декември 2018 година, индексот на цените на растителното производство изнесува 101,9, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 101,4.

Фото: Pexels