Интернет порталот за продажба на половни возила, Autoscout 24 ги објави просечните цени на половните автомобили, на клучните европски пазари, пренесува ревија Хак.
Податоците покажуваат дека половните автомобили во Франција се најскапи. Нивната просечна цена е околу 22.995 евра. Потоа следува Германија, каде што просечната цена на половните автомобили е 18.377 евра. По нив се: Австрија (18.126 евра), Шпанија (17.586 евра), Белгија (16.855 евра), Холандија (15.654 евра) и Италија (14.446 евра).
Што се однесува до автомобилите стари до една година, најевтини се во Шпанија и достигнуваат просечна цена од 28.630 евра, па во Германија со просечна цена од 28.721 евро.
Автомобилите стари од три до пет, па и повеќе години, најскапи се во Франција и Германија, додека најевтини се во Италија.
Фото: Pexels