Миодраг Костиќ е еден од најбогатите луѓе во поранешна Југославија и најголем претприемач во Србија. Неговата империја е под името MK Group и има седиште во Белград, а се протега од прехранбена индустрија, каде што целата приказна започнала со шеќер, продолжува со Carnex, па сè до угостителскиот сектор, каде е сопственик на број луксузни објекти на јадранското крајбрежје, од Словенија од Црна Гора, пренесува Пословни дневник.
Костиќ планира да го прошири своето “царство“ и да вложи 110 милиони евра во сместувачки капацитети на северното крајбрежје на Јадранското море. На тој начин, ја зајакнува стратегијата за развој на елитен туризам со хотелот Кемпински и голф терените во Савудрија.
Но, тој планира да ги зголеми инвестициите ако успее да добие повеќе објекти во Старото пристаниште во Трст.
Фото: Mkcommerce.rs