Во текот на 2018-та година, скоро 7% од домаќинствата во Европската унија, поради финансиски потешкотии, не се во можност да ги плаќаат сметките за комунални услуги (греење, струја, вода, гас и слично), покажуваат податоците на Eurostat.
Во текот на истата година, повеќе од една третина од домаќинствата во Грција или околу 36% имале проблеми со плаќање на режиските трошоци на време, во текот на последните 12 месеци. Со ист таков проблем се соочиле и 30% од домаќинствата во Бугарија. Меѓу петте земји членки на ЕУ коишто се соочуваат со потешкотии при плаќање на месечните сметки се и: Хрватска (17,5%), Романија (14,4%) и Словенија (12,5%).
Од друга страна, најмал број на домаќинства што не успеале на време да ги платат сметките за комунални услуги има во: Холандија (1,5%), Чешка (2,1%), Шведска (2,2%) и Австрија (2,4%).
Фото: Pexels