Кои се највеликодушните милијардери на планетата?

66

Освен што имаат астрономски сум на своите банкарски сметки, вреден имот, луксузни недвижнини, автомобили, накит… Овие милијардери не се штедат кога станува збор за филантропијата. Магазинот Forbes направи листа на којашто се најдоа највеликодушните милијардери во последните неколку години (од 2014-та до 2018-та година).

Прв на листата е Ворен Бафет. Тој во последните пет години од своето богатство, проценето на 90 милијарди долари, одвоил 14,7 милијарди долари или 16,3%. Најголем дел од средствата се насочени кон здравствена заштита и намалување на сиромаштијата.

Втора на листата се најде брачната двојка Гејтс. Мелинда и Бил Гејтс, преку својата организација, поддржуваат најразлични проекти, но најголемиот дел од средства одат за здравствена заштита и намалување на стапката на сиромаштија. Досега одвоиле 9% или 9,9 милијарди долари, во периодот 2014 – 2018 година, од нивното богатство проценето на над 109 милијарди долари.

Џорџ Сорос е трет меѓу највеликодушните милијардери. Според Forbes, тој одвоил 37,4% или над три милијарди долари од неговото вкупно богатство проценето на 8,3 милијарди долари. Најголем дел од парите на Сорос се насочени за економски развој и заштита на човековите права.

Мајк Блумберг е на четврто место со донирани три милијарди долари или 5% од неговото богатство од над 59 милијарди долари. Фокусот на инвестициите на Блумберг во последните пет години е за климатски промени и здравство.

Едно од најбогатите фамилии во светот, Валтон, од своето богатство од над 181 милијарда долари, во претходните пет години, инвестираше 2,3 милијарди долари или 1,3% за образование и животна средина.

Фото: Pixabay