Паладиумот стана повреден и од златото

71

Цената на паладиумот, во последните две недели, забележа скок од 25% на светски пазари. Цената на овој благороден метал достигна 2.500 долари за унца, што е двојно повеќе во однос на минатата година.

Една унца паладиум, како што пишува ВВС, сега вреди повеќе од унца злато, а се верува дека притисоците што влијаат на растот на цената нема да се намалат во догледно време.

Инаку, паладиумот е сјаен, бел метал од истата група како и платината, родиумот, осмиумот и иридиумот.

Поголемиот дел од светското производство на паладиум доаѓа од Русија и Јужноафриканската Република, а се екстрахира како нус производ при вадење на други метали, обично платина и никел. Овој благороден метал најчесто се користи за производство на катализатори, коишто се дел од издувниот систем на автомобилите што ја контролира емисијата на штетни гасови, а се наоѓа најчесто во бензински и хибридни возила.

Фото: Pixabay