Новата Ikea во Виена намерно нема паркинг

312

Шведскиот гигант за мебел Ikea започна со изградба на својот нов продажен објект на седум ката во Виена. Проектот на Querkraft Architekten прикажува дизајн фокусиран на примена на зелени фасади и елиминирање.

Новиот објект со зелена фасада нема да има паркинг и ќе биде  настроен кон екологијата и пешаците, велосипедистите и луѓето кои користат јавен превоз, а ќе се карактеризира со неконвенционален и неформален дизајн.

Покрај малопродажниот простор, во објектот ќе има многу зони наменети да се организираат најразлични настани. Ќе има многу простор за шетање, а планираните 160 дрвја поставени низ фасадата на зградата, кои ќе потсетуваат на полица, позитивно ќе влијаат на микроклимата.

Концепт без автомобили

Концептот е фокусиран кон тренд што го зема предвид драматично променетото однесување на клиентите, како и нов облик на мобилност во град без автомобили. Клиентите имаат малку време денес и ја ценат оваа практичност и удобност. Сè повеќе клиенти веќе не размислуваат да ги носат самите предмети што ги купиле бидејќи можат да бидат доставени, стои во соопштението на Ikea.

Новиот центар е насочен пред сè за пешаци, велосипедисти и корисници на метрото или трамвај, со ветување дека сите предмети ќе бидат доставени до нивните домови во рок од 24 часа, пишува Designboom.

Изградбата на овој продажен објект почна на 7 јануари, а треба да заврши во 2021 година.

Фото: Querkraft