Предмет на новото истражување беа емоциите кои вработените ги доживуваат на работното место. Дури 2.000 работници и 250 шефови зборуваа за емоциите што се ссоздаваат за време на работното време, како и за тоа дали ги искажуваат и како.
Оваа анкета, спроведена на Универзитетот Anglia Ruskin, покажува јасна статистика за однесувањето на мажите, жените и миленијалците.
Работната средина им носи радост, изненадување, лутина, тага, гадење или страв, но најголемата причина за овие емоции не е самата работа, туку тоа се колегите.
Статистичките податоци покажуваат дека мажите се поемотивни од жените на работа, но исто така забележуваат дека жените повеќе се изложени на стрес и фрустрација. Мажите, исто така, се чувствуваат лошо ако го пропуштиле рокот или го надминат буџетот на фирмата. Критикувањето двојно повеќе ги вознемирува и се чувствуваат лошо ако нивните идеи и иницијативи се игнорираат или одбијат, а дури 43% се подготвени да го кренат својот глас. Водени од емоции, мажите повеќе се подготвени да преземат драстични чекори. Мажот има 20% поголема веројатност да се откаже од работа ако не оди добро или има проблем.
Според ова истражување, секое трето лице ги крие своите вистински емоции на работа, претежно зад вештачка насмевка. Овие резултати се неочекувани за многумина, но сепак не премногу изненадувачки затоа што студијата открила и дека 30% од шефовите сметаат дека искажувањето емоции на работа е слабост, а 51% сметаат дека работното место треба да биде ослободено од сите емоции, без разлика дали се позитивни или негативни.
И на миленијалците, исто така, им е напорно на работа. Дури 91% од нив, повеќе од која било друга група, доживуваат тага или гнев на работа, а 80% се чувствуваат одвратно.
Фото: Pexels