Добивка од 1,8 милијарди денари за Комерцијална банка во 2019-та година

229

Комерцијална банка минатата 2019-та година ја заврши со добивка во висина од 1.826.825.000 денари, покажува консолидираниот годишен биланс на успех, објавен на Македонска берза.

Во текот на 2018-та година, добивката на банката изнесуваше 1.806.215.000 денари.

Нето приходите од камати, заклучно со 31-ви декември 2019-та година, достигнаа вредност од 2.404.765.000 денари, додека нето приходите од провизии и надоместоци се позиционираа на 998.984.000 денари.

Инаку, консолидираниот биланс на успех се состои од билансот на Комерцијална банка, подружницата КБ Публикум инвест АД Скопје – Друштво за управување со инвестициони фондови и билансот на успех и билансот на состојба на придруженото друштво КБ Прво пензиско друштво АД Скопје – Друштво за управување со задолжителни и доброволни пензиски фондови, претставени како биланс на успех на едно право лице.

Фото: Pexels