Трошат пари, а дрвата растат – Холанѓани засадија 40.000 дрва

262

Корисниците на холандската дигитална банка Bunq потрошиле на своите зелени картички доволно пари за садење на 40.000 дрвја во последните осум недели.

Bunq, во ноември минатата година ја лансираше својата Metal Green Card и за секои 100 долари кои корисникот ќе ги потроши, Bunq засадува дрво со нивни имиња во соработка со проектот за пошумување во Eden Reforestation Projects .

Во првите осум седмици корисниците на Bunq Green Card потрошиле доволно за садење на 40.000 дрвја, компензирајки 12,3 милиони кг јаглерод, што е еднакво на 13.000 летови од Париз до Њујорк, пишува Еu-startups.

Неверојатно е да се види како воведувањето на нашиот bunq Green Card може да доведе до сериозно влијание. Среќни сме да објавиме дека нашите сакани корисници на картичката имаат засадено повеќе од 40.000 дрвја заедно! Вие трошите. Шумите растат. Секој е победник “, вели основачот и извршен директор Али Нинам.

Напорите за пошумување се насочени кон африканската островска држава Мадагаскар, благодарение на домашните дрвја кои апсорбираат јаглерод двојно побрзо од тропските шуми.

Исто така се обезбедуваат  работни места на локалното население. Мадагаскар е една од најсиромашните земји во светот со над 75% од населението кое живее со помалку од 1,90 долари на ден, а само 13% имаат пристап до електрична енергија, според Светската банка.

Фото:Twitter