YouTube во последните три месеци генерираше приходи од пет милијарди долари, стои во извештајот на Google. На годишно ниво, пак, приходите на YouTube изнесуваат 15 милијарди долари или 10% од вкупните приходите на Google.
Ова е прв извештај откако со матичната компанија Alphabet раководи Сундар Пичаи, кој ја презеде извршната функција од коосновачите Лари Пејџ и Сергеј Брин.
Извештајот е објавен за прв пат по 15 години, колку што Google е сопственик на платформата за видеа. Google го купи YouTube во 2006-та година за 1,65 милијарди долари.
YouTube има повеќе од 20 милиони претплатници што ги користат некомерцијалните услуги, како и повеќе од два милиони претплатници што ги користат премиум услугите.
Групацијата Alphabet оствари приходи во висина од 46 милијарди долари во последниот квартал од 2019-та година, што е зголемување за 17% во споредба со 2018-та година.
Фото: Pixabay