Лоша проценка: Ги продале акциите во Tesla и загубиле над седум милијарди долари

108

Државниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија продаде поголем дел од уделот што го имаше во американската компанија Tesla, пред да се забележи силен раст на акциите. Овој погрешен потег го остави фондот без скоро 7,3 милијарди долари.

На крајот на минатата година, Saudi Arabia Public Investment Fund поседувал 39.151 акција од Tesla, додека еден месец претходно има 8,2 милиони акции со што беше еден од петте најголеми акционери во компанијата, пишува Bloomberg.

Но, пред моментот кога акциите на Tesla доживуваат огромен раст на акциите, поради резултатите од производството на електричниот Model Y, фондот одлучи да продаде поголем удел во својот гигант.

Бидејќи цената на акциите на Tesla достигнаа 887 долари, тоа би значело дека фондот од Саудиска Арабија сега би имал 7,3 милијарди долари удел од вредноста на Tesla. Наместо тоа, сега има нешто повеќе од 34 милиони долари.

Фото: Pexels