Акциите на Tesla го допреа “небото“

81

Акциите на американската компанија Tesla забележаа дневене пораст од 19,9%, откако беа зголемени прогнозите за раст. Ваквата прогноза од страна на Argus Research предизвика огромен интерес меѓу инвеститорите на Wall Street.

Според CNBC, овој двоцифрен раст на акциите на Tesla е најголем од мај 2013-та година.

Проценките за повисока вредност на акциите доаѓа по силните финансиски показатели на Tesla за последното тримесечје од минатата година, коишто ги надминаа очекувањата.

Од почетокот на година, акциите на Tesla забележаа пораст од 85%, а пазарната капитализација на компанијата надмина 140 милијарди долари.

Фото: Pexels