Шише за вода од “само“ 5.000 евра

92

Водата е многу важна, но можеби ако ја пиете од ова шише од над 5.000 евра, тогаш можеби ќе биде поинаква.

Станува збор за брендирано шише со логото на Chanel. Шишето е во златна боjа, додека држачот е направен од кожа со златно ланче.

Ако се прашувате дали некој би купил олку скапо шише, Guardian пишува дека скоро сите се распродадени.

Но, ова не е најскапото шише што излегува од модната куќа Chanel. Пред 25 години, Карл Лагерфелд го дизајнираше првиот кожен држач за шише со златно ланче. Во 1994-та година овој модел бил многу популарен, а сега се смета за антиквитет што некаде надминува цена од 7.000 британски фунти.

Најскапото шише за вода што некогаш било направено е од 24-каратно злато и чини околу 45.000 фунти. Продадено е само едно шише на аукција во 2010-та година, со цел да се соберат средства за борба против климатските промени. Истиот дизајнер направи и платинум верзија од шишето што чинела 3,4 милиони британски фунти, но не се знае дали некој го купил.

Фото: Instagram