Продажни цени на индустриски производи во декември

48

Продажните цени на производителите на индустриски производи, во декември лани, се пониски за 1,8% на месечно ниво, а се повисоки за 1,5% на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика,

Во декември 2019, во споредба со ноември 2019 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 5,1%, во секторот Преработувачка индустрија за 1,5% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1,3%.

Во декември 2019, во споредба со декември 2018 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 6,3% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,2%, а во секторот Преработувачка индустрија се повисоки за 2,3%.

Фото: Pixabay