По 15 години поминати на чело на пивската компанија Heineken, Жан Франсоа ван Боксмер најави дека ја напушта позицијата извршен директор на компанијата.
Тој беше дел од компанијата уште од 1984 година, а за шеф на Heineken е именуван во 2005 година.
Управувачката палка ќе ја предаде на Долф ван ден Бринк на први јуни, пренесува Finacial Times.
Веста за неговото заминување е објавена заедно со деловните резултати на компанијата за минатата година, кои покажуваат зголемени приходи и добивка.
Heineken минатата година оствари нето добивка од 2,5 милијарди евра, што е раст за отприлика 6%, а забележа и најголем раст на извозот на своето пиво во последните 10 години.
Фото: Pixabay