Најмладата милијардерка која поради измама пропадна преку ноќ

392

Пред пет години беше најмладата и најбогатата американска милијардерка која сама ги заработи парите. Меѓутоа, тестовите за кои се тврдеше дека ќе донесат револуција во медицината беа измама.

Американскиот суд одби дел од тужбите против Елизабет Холмс, која го основаше стартапот Theranost, којшто неславно пропадна откако се утврди дека револуционерните брзи тестови воопшто не се сигурни.

Судот смета дека пациентите не биле финансиски оштетени бидејќи спорните тестови што ги набавиле медицинските установи ги плаќале осигурителните компании. Покрај тоа, нема докази дека Холмс и поранешниот извршен директор на Рамеш Балвани ги насочувале лекарите да ги толкуваат погрешно резултатите од тестот на пациентите.

Сепак, судот утврди дека обвинението за измама сè уште стои. Според обвинението, Холмс и Балвани ги охрабриле лекарите и пациентите да ги користат тие тестови на крвта, иако знаеле дека компанијата не е во состојба да произведе точни и сигурни тестови. Тие беа обвинети во 2018 година по 11 точки за измама.

Холм и Балвани тврдат дека не се виновни

Елизабет Холмс ги напушти студиите на Стенфорд во 2004 година и го основа Theranost  на само 19 години. Компанијата достигна вредност од девет милијарди  долари и беше прогласена од магазинот Forbes, за најмладиот и најбогат американски милијардер што заработува пари сам.

Точноста и веродостојноста на тестовите на компанијата за прв пат започна да се разгледува во 2015 година кога Wall Street Journal имаше серија текстови. Не само што ги “надува“ можностите на нејзиното медицинско откритие, Холмс лажеше и за тоа како нејзините производи ги користат американските војници во Авганистан. Заработи над 700 милиони долари од измама, но откако е откриена, нејзината империја се распадна, таа затвори лаборатории и даде стотици откази.

Фото: Facebook