10 милијардери кои изгубиле сè што имале

200

Јахти, вили, куќи, приватни авиони, флоти автомобили…, сè ова имале милијардерите од листата којашто ја објави Lux Life. Нивниот имот вредел и по неколку милијарди долари, но набрзо по стекнувањето на статусот милијардер, банкротирале.
Серија лоши одлуки, лоша среќа и други фактори довеле да го изгубат своето богатство.

Ова е листата на банкротирани милијардери:

Хуанг Вењи

Претседател на компанија за производство на чадори од Хонг Конг, со 75% удел кои се во сопственост на него и неговата сопруга. Кога берзата неодамна имаше пад, акциите на оваа компанија паднаа за 91% за два дена.

Алберто Вилар

Тој е поранешен претприемач од Америка, кој заработил милијарди долари преку својата инвестициона компанија Amerindo investment advisors. Сепак, во 2000 година го погоди падот на берзата.

Адолф Меркле

Меркле беше еден од најбогатите Германци со богатство од 12,8 милијарди долари. За време на кризата во 2008 година изгубил 3,6 милијарди долари. Покрај големата загуба и понатаму остана еден од петте најбогати Германци. До крајот на 2008 година неговата инвестициона компанија ја снајде сериозна криза, а Меркле направил низа ризични потези. Кога изгубил скоро сè, тој трагично го заврши животот.

Виџеј Малаја

Индиски милијардер, кој е познат како крал на алкохолот, ја презема компанијата од средна големина од својот татко кога имал 28 години. Таа фирма ја претворил во компанија вредна повеќе милијарди долари. Неволјите за него почнале кога почнал да таложи долгови во компанијата Kingfisher airlines. Со милионски долгови Малаја побегна од Индија во Велика Британија.

Шон Квин

Рецесијата во 2008 година, затвори бројни компании и доведе многу милијардери до банкрот. Еден од нив е Шон Квин, кој бил најбогат Ирец. Окако финансиската криза го погоди ирскиот банкарски систем, Квин го изгуби семејното богатство.

Бернард Мадоф

Повеќе од 20 години, додека не го уапсија во 2008 година, Мадоф успешно измами илјадници инвеститори со шемата split-strike conversion. Кога неговата шема пропаднала за време на финансиската криза во 2008 година, Федералното биро открило 64,8 милијарди долари кои се проневерени. Според неговата животна приказна снимен е филмот The Wizard of lies.

Елизабет Холмс

Таа е американски иноватор и претприемач која беше најмлада самоостварена милијардерка во 2015 година, откако нејзината здравствено – технолошка компанија Theranost достигна вредност од девет милијарди долари, а беше и на листата на 100 највлијателни луѓе на магазинот Тime. Сепак, поради федерална истрага над нејзината компанија, под обвинение за потенцијална измама на инвеститори, нејзиното милијардерско време е скратено. Forbes нејзиното богатство го сведе на нула, а Fortune ја прогласи за најлош лидер.

Роберт Ален Станфорд

Тој е некогашен милијардер кој сега служи казна затвор од 110 години. Во 2009 година е осуден за масовна финансиска измама. Бил претседател на сега нефункционалната компанија Stanford Financial Group, која нудела финансиски услуги.

Бјорголфур Гудмундсон

Бјорголфур Гудмундсон, според Forbes во март 2008 година бил еден од најбогатите луѓе во светот со богатство од 1,1 милијарди длари. Но, по големата финансиска криза која најмногу го погоди Исланд тој го губи своето богатство.

Еике Батиста

Бразилскиот бизнисмен Батиста, создаде, а потоа изгуби богатство вредно милијарди долари во руда и нафта, во период од две децении. Со 30 милијарди долари во 2011 година Батиста беше осмиот најбогат човек во светот и најбогат во Бразил. Неговиот пад почнува со изненадувачкиот пад во рударската индустрија и колапс на една од неговите најголеми компании ОGX. Две години подоцна, Forbes објави дека Батиста изгубил скоро 20 милијарди долари за година дена. Една година подоцна поради големи долгови и пад на компаниските акции неговото богатство исчезна. Во јануари 2017 година, Батиста е уапсен од страна на бразилските власти поради перење на 100 милиони долари.

Фото: Pexels