Цени во земјоделството во јануари

52

Цените во земјоделството во јануари оваа година, во однос на истиот период лани, кај инпутот има зголемување од 4,2%, додека кај аутпутот има пораст од 2%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во јануари 2020 година, во споредба со јануари 2019 година, цените на тековно потрошени средства во земјоделството се зголемени за 4,4%, а цените на средства наменети за инвестиции во земјоделството се зголемени за 1,4%.

Во делот аутпут, во јануари 2020 година, во споредба со јануари 2019 година, цените на растителното производство имаат пораст од 2,3%, а кај цените на добиточното производство има зголемување од 1,2%.

Фото: Pexels