Еден од тројца работници во САД остануваат без пари до следната плата, иако годишната заработка им е преку 100.000 долари, пишува CNBC.
За многумина причина за овој проблем се повисоките трошоци за живот, вклучувајќи ги цените на храната, апаратите за домаќинство, образование, здравствена заштита. За други пак, како главен проблем за тоа што многу Американци на кои едвај им остануваат пари до следната плата, е поради стагнација на платите. Анализирано на подолг временски период, податоците покажуваат дека просечната плата е намалена за 9% од 2006-та година.
Независно од причината, борбата да се платат сметките и да се купи храна, ако располагате со ограничен буџет, предизвикува голем стрес, покажуваат истражувањата. Се верува дека таканаречениот финансиски стрес го доживуваат 42% од вработените во САД.
За да можат да ги надминат финансиските потешкотии, експертите ги советуваат Американците да си развиваат планови и да формираат фондови за “црни денови“ за да можат да ги покријат трошоците во период од три до шест месеци. Овие шеми за штедење би требало да им помогнат особено да ги надминат финансиските проблеми кога треба да се платат даноците и давачките кон државата, институциите и банките.
Фото: Pexels