Бафет преферира кеш или картичка?

80

Доколку Ворен Бафет влезе во ресторан или продавница, најверојатно сметката ќе си ја плати во кеш, пишува Ген Маркс во текст за Entrepreneur.

“Имам American Express картичка што ја добив во 1964 година, но плаќам во готово 98% од случаите. Доколку сум во ресторан, секогаш плаќам во готово“, рече Бафет, чие богатство од над 88 милијарди долари.

Еден од најбогатите луѓе во светот преферира да плаќа во готовина. Тој вели дека скоро секогаш со себе носи околу 400 долари. Се поставува прашањето дали тоа е така бидејќи се плаши од кредитни картички или е загрижен за својата безбедност.

Но, тој тврди дека тоа не е причината за неговото однесување. Единственото објаснување е дека плаќањето во готово е “едноставно полесно“.

Секоја година се намалува бројот на луѓе кои плаќаат во готовина. Но, истражувањата на американските банки од 2017-та година меѓу над 2.000 Американци, 50% од нив носат готовина, но не цело време. Меѓу луѓето кои носат готовина, скоро половина од нив велат дека имаат помалку од 20 долари, а 76% велат дека со себе носат помалку од 50 долари.

Фото: Pexels