Sugalabo V – прв луксузен ресторан на Louis Vuitton само за одбрани клиенти

91

Ресторанот се наоѓа на најгорниот од четири ката на бутикот, а дизајниран е да изгледа како едра на традиционален јапонски брод.

Секоја вечер овој ресторан ќе нуди јапонско – француска фузија на вкусови, а кујната ќе ја води познатиот јапонски готвач Јосука Суга. Само одбрани клиенти ќе може да го посетат овој ресторан со претходна резервација.

Ресторанот има и бар со тераса, за којашто дизајнерот пронашол инспирација од морското синило.

Отворањето на Sugalabo V е една од неколкуте неодамнешни значајни настани за Louis Vuitton. Пред само два месеци, брендот ги отвори вратите на својата продавница на лондонската улица New Bond, по повеќе од една година реновирање.

Во 2019 година, Louis Vuitton имаше голема изложба во Лос Анџелес, на којашто беа прикажани 180 артикли од архивата на модната куќа.

Фото: YouTube/Screenshot