Британски Tesco си заминува од Кина

79

Најголемиот британски трговски ланец, Tesco продаде 20% од уделот во заедничко вложување во Кина на својот партнер China Resources Holdings (CRH).

Британците собраа 275 милиони фунти (357 милиони долари) и го завршија процесот на напуштање на кинескиот пазар. Tesco воспостави заедничко вложување со CRH – Gain Land уште во 2014 година.

“Продажбата на сопственичкиот удел му овозможува на Tesco понатамошно поедноставување и фокусирање на бизнисот на основната дејност. Средствата од продажбата ќе бидат употребени за општите корпоративни намени“, се наведува во соопштението од Tesco.

Фото: Facebook