Continental PremiumContact6 – победник на тест за летни гуми на три европски авто клубови

93

Во конкуренција на вкупно 16 пневматици од 18 инчи за компактни и модели од средна класа, PremiumContact6 на брендот Continental се најде на врвот, според тестовите што ги спроведоа германски, австриски и швајцарски авто клубови.

Меѓу 17-инчните модели на SUV и комбиња, како што се VW Transporter и поголеми возила, EcoContact6 е оценет како “задоволувачки“ според германскиот авто клуб, а “препорачан“ од австрискиот и швајцарскиот.

Овие клубови ги користеле VW Golf GTI и Ford Kuga како тест возила.

При тестирањето, возачите од авто клубовите ги потенцирале добрите перформанси на пневматиците на влажни коловози. Во меѓувреме, во серија од 12 пневматици на различни производители, EcoContact6 доби највисоки оценки и за потрошувачка на гориво и истрошеност на самите гуми, со што доби и добри оценки и за суви патишта.

Овие 18-инчни гуми се компатибилни за автомобили како што се VW Golf, BMW 3 series или Mercedes C – Class. Од друга страна, 17-инчни гуми се компатибилни за возила како Ford Kuga или VW T6 Transporter, како и за возила од типот на Mercedes S – Class или Audi A7.

Фото: Continental – tires.com