Петте најголеми трговски партнери на земјава, во периодот јануари – декември 2018 година, се: Германија, Грција, Велика Британија, Србија и Бугарија, покажуваат дефинитивните податоци на Државниот завод за статистика.
Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари − декември 2018 година, изнесува 5.872.484.000 евра и бележи пораст од 17% во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 7.676.329.000 евра, што е за 12,3% повеќе во споредба со истиот период од претходната година.
Трговскиот дефицит, во периодот јануари − декември 2018 година, изнесува 1.803.845.000 евра. Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари − декември 2018 година, изнесува 76,5%.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта и моторните возила за превоз на 10 или повеќе лица, вклучувајќи го и возачот, со мотор со внатрешно согорување со палење со помош на компресија (дизел или полудизел).
Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), плоснатоваланите производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени и другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.
Фото: Pexels