Земји со најмногу жени иноватори

243

Процентот на жени иноватори пред 1965 година бил од два до три, но од тогаш ситуацијата се менува во корист на припадничките на понежниот пол.

Па така, како што пишува World Atlas, уделот на жени иноватори скоро двојно се зголемува од 1998 година (6,8%) до 2017-та година (12,7%).

Иако поголемиот дел од иновациите што го променија светот се заслуга на мажите, сепак завидни се изумите зад коишто стојат жените.

Уделот на жени иноватори кои поднеле барање за патент на својот изум, во период од 1998 до 2017 година: Того (57,14%), Уганда (44,55%), Латвија (39,05%), Либерија (38,89%), Руанда (37,50%), Куба (36,73%), Боцвана (35,71%), Шри Ланка (34,22%), Папуа Нова Гвинеја (29,63%), Грузија (29,56%).

Фото: Pexels