Пораст на трошоците на живот во февруари

47

Трошоците на живот во февруари, во однос на претходниот месец, се зголемени за 0,1%, додека кај цените на мало има пад од 0,3%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Пораст на трошоците на животот во февруари 2020 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежото и разладеното овошје за 2,6%, свежиот и разладениот зеленчук освен компирот и другите коренести плодови за 2,1%, маслото и маснотиите за 1,6%, месото, млекото, пивото за 0,8%, рибата и морските плодови за 0,7%, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 0,6%, безалкохолните пијалаци, жестоките пијалаци за 0,5%, јогуртот, сирењето и урдата, јајцата за 0,3% и виното за 0,2%.

Во февруари 2020 година, исто така, пораст на трошоците на животот е забележан и кај информатичката опрема за обработка на податоци за 3,2%, моторните возила за 3,1%, снабдувањето со вода за 1,9%, градините, растенијата и цвеќињата за 1,7%, собирањето на отпадните води за 1,4%, гасот за домаќинствата за 1,3%, патниот патнички транспорт за 0,9%, угостителските услуги за 0,6%, домашните миленици и сродните производи за 0,5%, мебелот и покуќнината, големите електрични апарати за домаќинствата, другите услуги за опрема за сопствен превоз за 0,3%.

Намалување на трошоците на животот во февруари 2020 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај замрзнатото овошје за 0,4%, прехранбените производи, неспоменати на друго место за 0,3%, другите пекарски производи за 0,2%.

Исто така, намалување на трошоците на животот е забележано и кај воздухопловниот патнички транспорт за 11,3%, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 10,7%, течните горива за домаќинствата за 7,7%, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 3,1%, услугите за сместување за 2,6%, телефонската и телефакс-опремата за 1,4%, обувките за 1%, игрите, играчките и хобијата, туристичките пакет аранжмани за 0,9%, цврстите горива за 0,8%, стаклените садови, трпезните садови и приборот за домаќинствата, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики за 0,4%, медиумите за снимање за 0,3%, малите електрични апарати за домаќинствата, терапевтските помагала и опрема, накитот, часовниците и рачните часовници за 0,2%.

Трошоците на животот во февруари 2020 година во однос на февруари 2019 година бележат пораст од 0,7%, а кај цените на мало има пораст од 0,5%.

Фото: Pixabay