Како богаташите се штитат од корона вирусот во светот?

616

Иако со пари не може да се купи имунитет, сепак парите помагаат да се зајакне. Иако пред болестите сите сме исти, без оглед на тоа колку пари имаме на сметка, сепак богатите можат да си дозволат некои работи за коишто веруваат дека може да ги заштити од корона вирусот.

Па така, магазинот Forbes направи листа на работи што ги прават оние со подлабок џеб за да се заштитат од вирусот што го зафати скоро целиот свет.

Приватен здравствен клуб

Lanserhof е приватна здравствена институција во Лондон што функционира како приватен клуб за членови. Оваа компанија има 18% пораст на побарувачка на специјален вид на инфузија што го зајакнува имунитетот, а чини 387 долари. Оваа инфузија содржи голема доза на витамин Ц, амино киселини и цинк, што играат важна улога за зајакнување на имунолошкиот систем.

Теретана со специјална програма за зајакнување на имунитет

Club 51 е теретана во Лондон што на своите членови им дава совети како да се заштитат од вируси.  Програмите не се фокусирани на заштита од корона вирусот, туку се однесуваат на зајакнување на имунолошкиот систем, којшто е силен сојузник во борбата против вирусите.

Тутори за деца

Tutors International е компанија што овозможува елитни тутори што работат со деца на богати лица во домашни услови. Така децата ги добиваат неопходните знаења прилагодени за нивната возраст, без да мора да посетуваат настава во училиште. Во овој момент, од компанијата бараат нови елитни тутори, бидејќи се зголемува побарувачката за нивните услуги.

Приватни летови

Многу богаташи се насочуваат кон опцијата приватен лет, од Хонг Конг до Австралија или Северна Америка, а побарувачката во јануари скокнала за 214%. Овој податок го изнесе Лидор Ревах, извршен директор на компанијата Imperium, којашто се занимава со букинг на приватни летови. Проценува дека повратна карта за лет од 12 до 14 патници може да чини помеѓу 250.000 и 300.000 долари.

Модни додатоци за заштита од корона вирусот

Некои модни компании ја користат оваа ситуација и на своите клиенти им нудат брендирани заштитни маски, што може да се најдат во различни бои и секако по различни цени. Некои дури надминуваат и 100 долари за едно парче.

Фото: Pexels