Букираат приватни летови за да “избегаат“ од Ковид -19

150

Компанијата Cathay Pacific во наредниот период, поради корона вирусот, наместо пет пати ќе лета само еднаш дневно од Хонг Конг до Њујорк, а најниската цена за карта од прва класа е 32.000 долари.

Многу богаташи се насочуваат кон опцијата приватен лет, од Хонг Конг до Австралија или Северна Америка, а побарувачката во јануари скокнала за 214%. Овој податок го изнесе Лидор Ревах, извршен директор на компанијата Imperium, којашто се занимава со букинг на приватни летови. Проценува дека повратна карта за лет од 12 до 14 патници може да чини помеѓу 250.000 и 300.000 долари.

Ревах вели дека луѓето во Америка, но и глобално чувствуваат напнатост како периодот по 11 септември кога се срушија кулите Близначки. Владее паника и страв, а луѓето бараат безбедност и избегнуваат маси.

Фото: Pixabay