Управата за јавни приходи (УЈП) известува дека користењето на фискалните апарати се ограничува до 18 часот, поради ограничување на работното време заради коронавирусот.
Согласно препораките на Владата за преземање мерки и активности за превенција од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус), со коешто се ограничува работното време од 07:00 до 18:00 часот на угостителските објекти, кафетерии, барови, ресторани, клубови, казина и спортски обложувалници, Управата за јавни приходи (УЈП) ги известува даночните обврзници кои вршат промет на добра и услуги и користат одобрен фискален систем на опрема (фискални апарати) дека користењето на истите се врши вообичаено како и досега, со изготвување на дневен финансиски извештај на крајот на работно време (во овој случај 18:00 часот) или пред почетокот на работно време следниот ден (во овој случај 07:00 часот).
Фото: Pixabay