Нафтениот гигант Saudi Aramco објави намалување на нето профитот од 21% во 2019-та година, поради намалување на цените на нафтата и намаленото производство, пишува CNBC.
Како причина за намалување на профитот, компанијата планира да ги “рационализира“ капиталните трошоци во екот на кризата предизвикана од ширење на корона вирусот.
Ова се први информации за висина на добивката откако компанијата започна да котира на берза во декември достигнувајќи рекордна вредност од 29,4 милијарди долари на иницијалната јавна понуда, а компанијата достигна пазарна вредност од 1,7 илјади милијарди долари.
И покрај намалените приходи, компанијата планира да исплати дивиденда од 73,2 милијарди долари за 2019 година, а за 2020 година се очекува исплата на дивиденда во готово во износ од 75 милијарди долари.
Aramco за минатата година прикажа нето профит од 88,2 милијарди долари, додека една година претходно беше на ниво од 111,1 милиони долари.
Фото: Pexels