Џеф Безос, првиот човек на Amazon, ги повикува лицата кои останаа без работа од затворени ресторани и барови, да се приклучат кон неговата компанија, бидејќи се труди да одговори на побарувачката за онлајн испорака поради коронавирусот.
Како што пишува Business Insider, најбогатиот човек на светот вработува дополнителни 100.000 лица и ги зголемува платите на своите работници кои работат на час.
“Истовремено, други компании како што се ресторани и барови се принудени да ги затворат своите врати“, изјави Безос и додаде дека се надева дека луѓето кои се отпуштени ќе работат за неговата компанија додека не се вратат на првобитната работа.
Безос најави дека компанијата нарача неколку милиони маски за лице за да може да ги заштити работниците. Amazon не може да одговори на нарачките откако вирусот почна да се шири во САД, бидејќи жителите ги набавуваат сите потребни артикли за домаќинство и други основни производи за да ги имаат додека се изолирани во своите домови.
Фото: Pixabay