Новиот извештај на американската STR (којашто анализира податоци во хотелиерскиот сектор на глобално ниво), покажа видливо закрепнување на хотелиеркиот сектор во Кина.
Пандемијата Ковид 19, силно удри врз хотелиерскиот сектор и допринесе до драстичен пад на исполнетоста на хотелите кон крајот на јануари оваа година. Додека на почетокот на година исполнетоста на хотелите изнесуваше над 60%, по појавата на коронавирус се намали на 10%.
Од средината на февруари, ситуацијата со коронавирусот полека се подобрува, а исполнетоста на хотелите почна да расте, за да достигнат просечна стапка од над 20%.
Фото: Pixabay