Србија добива пултови за бесконтактно мерење температура и дезинфекција на раце

78

Пулт за бесконтактно мерење на температура и дезинфекција на раце е иновативен производ на компанија од Ниш, којшто на српскиот пазар би требало да биде достапен за околу еден месец, пишува Екапија.

Овој пулт, којшто се користи за превенција од ширење на вируси и заразни болести е еден од 12-те проекти што се финансираат од средства на српскиот фонд за иновации.

“За десетина дена почнува сериозна работа. Според договорот, прво треба да се направи прототип, имаме еден месец тоа да го реализираме, а производството ќе биде во нашата компанија. Претпоставувам дека на самиот почеток ќе ги решиме поголемите потенцијални проблеми што се јавуваат во текот на развојот на производот, не само околу софтверот, туку и самиот уред и електрониката и најдолго за еден месец ќе имаме решение што ќе може да излезе на пазарот“, вели Драган Миљковиќ, сопственик на компанијата што стои зад ова решение.

Пултот, според него, е замислен со една термална камера што е постојано вклучена. Ќе биде бесконтактен, нема да има никакви копчиња за притискање, доволно е само луѓето да му пријдат и да застанат пред пултот, а камерата ја мери температурата на телото преку податоци што се земаат од челото. Потоа, на екранот излегува известување и дали е сè во ред. Ако температурата е зголемена се вклучува ламба што дава знак дека лицето што влегло во објектот.

Уредот, исто така, има и екран за препознавање на лица, па ќе може да испраќа сигнал за понатамошното движење на лицето во објектот.

Иновативниот пулт, исто така, ќе служи и за дезинфекција на рацете.

“На средина на уредот ќе има посебен отвор во којшто корисникот ќе ги стави рацете, а сензорот ќе ја вклучи прскалката за дезинфекција на рацете“, вели Миљковиќ.

Фото: Pixabay