Коронавирусот поттикнува на креативност во продажба

90

Досега многупати пишувавме дека пандемијата на коронавирусот ќе направи радикални промени во навиките на купувачите. Исто така, овој вирус ја поттикнува и креативноста во продажбата.

Пример за тоа е бурекџилница во српскиот град Панчево, што нашла начин да го “заобиколи“ овој бизнис за да дојде до своите купувачи. Како што пишува Sputnjik, направен е таканаречен Бурекомат, преку којшто луѓето можат да го нарачаат својот омилен бурек безбедно.

Бурекоматот функционира како шалтер – луѓето доаѓаат до него, порачуваат бурек од продавачот, кој на себе има маска и ракавици, плаќа преку посебен отвор, а бурекот го добива преку друг.

“Луѓето посебно ја поздравуваат идејата. Тоа е наш скромен придонес, но значаен. Во принцип, би требало да преминеме на таков модел на работа“, вели Данило Радаковиќ од бурекџилницата Станкоски во Панчево, кој додава дека Бурекоматот постојано се дезинфицира.

Идејата за овој Бурекомат се родила на 14-ти март, пред прогласување на вонредна состојба во земјата, кога во бурекџилницата имало многу гужва. Веќе на 18-ти март, Бурекоматот почнал со работа и станал вистинска сензација меѓу луѓето, а сопствениците велат дека тоа “прв автомат за бурек во светот“.

Фото: Pixabay