Австралија воведува ограничување на купување алкохолни пијалаци, со што може да се купат најмногу 12 шишиња вино и две пакувања од по 24 лименки пиво, пишува Sydney morning herald.
Овие рестриктивни мерки ги предложи самиот сектор поради страв од недостиг на алкохолни пијалаци за време на пандемијата од коронавирусот.
“Знаеме дека потрошувачите сакаат да бидат сигурни дека имаат доволно намирници за време на криза. Нашите членови сакаат да ги охрабрат луѓето да продолжат да купуваат алкохол одговорно, како што тоа го прават вообичаено“, вели Џули Рајан, главен извршен директор на Retail Drinks Australia.
На социјалните мрежи во Австралија може да се најдат видеа на лица со колички преполни со алкохолни пијалаци, по што е испратена порака дека во земјата нема да се дозволи недостиг од овој вид на пијалаци.
Според официјалните податоци, продажбата на алкохол во Австралија е зголемена за 86%, но жителите на Австралија не се лидери во светот по потрошувачка на алкохолни пијалаци.
Фото: Pixabay