Колку пари треба да има секоја фирма за да ја преживее кризата?

207

Колку време вашата компанија може да преживее без приходи, а да не ги намали расходите? Тоа зависи од висината на пари што сте ја тргнале на страна и сте ја ставиле во таканаречен “кризен“ фонд.

Овие акумулирани средства, кога владее криза, можат да значат спас за компанијата, а во нормални услови може да бидат дополнителен одлив на пари за оние компании што планираат раст. Дали постои златна формула за акумулирање пари за кризни ситуации? Колку пари наместо да се инвестираат треба да се остават за “црни“ денови? Одговорите на овие прашања ги дава порталот Startit.

“Ние секогаш гледаме да имаме акумулација за три месеци, што ги подразбира сите трошоци, вклучувајќи ги и платите на коишто отпаѓаат 80% од приходите. Нашата главна вредност се луѓето и ќе направиме сè што е можно да останат сите. Самите откази би значеле и крај на фирмата“, вели Ненад Божиќ, извршен директор на ИТ компанија од Србија.

Компаниите на коишто поголемиот дел од приходите им се наменети за плати на вработените, по правило имаат помала акумулација од оние, чиј добар дел од парите се тргна на страна а за неопходни ресурси. Причина за тоа е што трошоците за плати најлесно може да се намалат преку отпуштање на вработени, што сега се случува кај многу старт – ап компании во Силиконската долина. Сепак, тие најмногу зависат од своите вработени и тоа им е најголемиот трошок. Во моментот кога ќе мора да ги намалат приходите, единствено решение им е отказот.

“Проблемот е во тоа што отпуштањето не е добро решение за кризи коишто траат два до три месеци, бидејќи постарите вработените ќе биде потешко да ги вратите, а тешко ќе дојдат и нови, посебно во ИТ секторот и ќе биде проблем да се задоволат потребите на пазарот“, смета Михаило Гајиќ, економски аналитичар од Србија.

Ако една компанија води сметка за својот “кризен“ фонд, тогаш овој период ќе го надмине без поголеми последици и што е најважно нема да остане без квалитетните вработени, до кои тешко се доаѓа. Но, постојат компании кои “се будат“ дури во март. Поголемиот дел од тие компании во текот на јануари и февруари ги трошат парите заработени во последниот квартал, бидејќи во тие месеци скоро и да немаат работа. тоа би значело дека мора да имаат акумулирано средства за најмалку шест месеци. Но, таквиот потфат би им ставил клуч на врата, бидејќи во ИТ индустријата мора постоја да се инвестира во нова технологија, за да остане конкурентна.

Од тоа може да се заклучи дека акумулираните средства се неопходни, но не може да бидат единствениот начин за решавање на проблеми во кризни ситуации.

Фото: Pixabay