Деца оставете ги телефоните, ајде да цртаме!

68
Моќта на детската имагинацијата е неограничена и може да создаде сценарија на кои возрасните не би ни помислиле. Во моментите кога сите се дома и поголемиот дел од луѓето ги држат очите вперени кон телефоните и таблетите, децата треба да бидат поттикнати да креираат, да творат и да ја разбудат својата фантазија.

За најмалите вљубеници во цртањето, Ладна организира детски ликовен конкурс на тема „Мојата омилена игра надвор”, на кој можат да се пријават мали сликари од 4 до 10-годишна возраст. Најдобрите дела ќе бидат наградени, а главната награда е тридневно патување во магичниот Дизниленд во Париз!

Модерното време на технологијата овозможува да го имаме целиот свет на дланка, со само еден допир на смартфонот, пристапувајќи преку интернет или преку социјалните мрежи. Детските игри сега се скоро целосно префрлени на компјутерите и телефоните, но сепак, не смееме да го затвориме детскиот ум во софтверот на телефонот! Баш напротив, треба да го охрабриме да размислува пошироко, да го создаде својот свет и да ги претвори неговите мисли во дела.

Ликовниот конкурс на тема „Мојата омилена игра надвор” има за цел да ја поттикне креативноста кај децата и нивната омилена игра на отворено да ја претворат во уметничко дело нацртано на лист хартија. Цртежите, заедно со податоците на детето (име и презиме, датум на раѓање, адреса и телефонски број) треба да се испратат на адреса ул. 1732 бр. 2, 1000 Скопје, со назнака: „За Ладна ликовен конкурс” или по електронски пат на е-маил адресата [email protected], со наслов на пораката „За Ладна ликовен конкурс”, најдоцна до 6.5.2020. Натпреварувањето е поделено во две категории: 1) деца од 4 до 7 години и 2) деца од 7 до 10 години, а стручното жири ќе одбере по три најдобри цртежи од двете категории, од кои првонаградените ќе заминат на тридневно патување во Дизниленд, Париз!
Ладна Ви порачува #СедиДома периодов, биди креативен и цртај на тема „Мојата омилена игра надвор! Секогаш покрај себе имајте шише Ладна која е прва вода препорачана од Здружението на педијатрите на Македонија и е погодна за подготовка на храна за доенчиња.