Европа од кризата ќе закрепне релативно брзо

120

После сериозниот економски пад предизвикан од пандемијата на коронавирус, ќе следи закрепнување, а ќе бидат потребни околу две години бруто домашниот производ (БДП) на Велика Британија и Еврозоната да се вратат на нивото пред кризата, сметаат економистите на Berenberg.

По остриот пад ќе следи мал економски раст, така што БДП на крајот ќе го надмине нивото пред кризата, велат економистите во Berenberg, Холгер Шмидинг и Калум Пикеринг, пренесува CNBC.

Економијата ќе се намали за околу 10% во вториот квартал од оваа година.

Откако пандемијата ќе се стави под контрола и ќе се ублажат мерките за ограничено движење, економиите ќе започнат да закрепнуваат, велат економистите.

Закрепнувањето ќе варира од земја до земја, во зависност од регулативите, здравствената состојба и трендовите на понудата и побарувачката.

Фото: Pixabay