Државна видеолотарија донира над 11 милиони денари за јавното здравство

69

Државна видеолотарија донира 11.107.000 денари за јавното здравство со цел да придонесе во напорите за справување со Ковид-19.

Десет милиони денари од оваа сума се наменети за Министерството за здравство. Дополнително, 615.000 денари во медицинска опрема и материјали за заштита се определени за децата што боледуваат од малигни заболувања. Донација од 492.000 денари ќе добие и Јавната здравствена установа – Специјална болница по гинекологија и акушерство Мајка Тереза – Скопје.

Донација од 10 милиони денари за Министерството за здравство

Нашата земја е исправена пред силен предизвик кој напаѓа на глобално ниво. Од овие причини, брзото реагирање во оваа глобална здравствена криза е многу важно. Во вакви услови неопходна е солидарноста. Државна видеолотарија одлучи да биде дел од заедничката координирана акција која се презема за итно справување со здравствените предизвици, предизвикани од вирусот Ковид-19.

Државна видеолотарија донира 10 милиони денари кон Министерството за здравство, со цел да придонесе за ефикасност на јавниот здравствен систем во напорите при справување со Ковид 19.

Дополнително, тимот на Државна видеолотарија обезбеди уште две донации.

Донација од 10.000 евра во медицинска опрема и материјали за заштита на децата кои боледуваат од малигни заболувања

Со донација од 10.000 евра ќе се помогне итно да се набави медицинска опрема и материјали за заштита на децата кои боледуваат од малигни заболувања. Тие во ситуација на глобална пандемија од Ковид-19 се изложени на силен ризик. Затоа и од Државната видеолотарија одлучија да реагираме брзо, со цел итно да се изврши набавка на дополнителна заштитна опрема за нив и за нивните родители, но и за медицинскиот персонал кој се грижи за овие дечиња.

Државна видеолотарија со донација во вредност од 492.000 денари за Јавната здравствена установа-Специјална болница по гинекологија и акушерство Мајка Тереза Скопје

Компанијата обезбеди и донација од 492.000 денари за Јавната здравствена установа-Специјална болница по гинекологија и акушерство Мајка Тереза Скопје. Средствата од оваа донација ќе бидат употребени за набавка на пет Пулсоксиметри-медицински уреди за новороденчиња.

Солидарни и кон сограѓаните и вработените

“Знаеме дека и во овие услови има луѓе кои мора да одат на работа, поради што користат јавен превоз. Со цел да придонесеме кон нивна заштита, обезбедивме и средства за дезинфицирање во сите автобуси кои сообраќаат на активните автобуски линии на ЈСП Скопје, како и заштитни маски за возачите“, велат од компанијата.

Државна видеолотарија како одговорна компанија презеде и низа активности и неопходни протоколи со цел да ги заштити и своите вработени од изложеност на Ковид 19.

Државна видеолотарија ќе продолжи да го следи развојот на состојбата предизвикана од Ковид-19. Сите наши идни активности можете да ги следите преку профилите на социјалните мрежи на брендовите:

VLT – Фејсбук и Инстаграм

2win – Фејсбук и Инстаграм