Во рамки на договорот што го постигна со земјите од ОПЕК, Русија изрази подготвеност за 14% да го намали производството на нафта, односно за 1,6 милиони барели дневно, пренесува агенцијата Tas.
“Ја потврдуваме нашата подготвеност да го намалиме производството на руска нафта за 1,63 милиони барели дневно“, изјави претставник од Кремљ.
Во новиот договор, како што се наведува, се вклучени САД, Мексико, Норвешка, Канада и други земји, а предвидено е вкупно намалување на глобалното производство за 70 милиони барели дневно.
Претходно, рускиот претседател Владимир Путин изјави дека неговата земја е спремна да го намали производството на нафта само ако и другите светски производители на нафта, вклучувајќи ги САД, го прифатат тоа.
Претходниот договор во рамки на ОПЕК заврши на 31-ви март, но Русија и Саудиска Арабија не постигнаа договор за продолжување. Поради неуспешните преговори за продолжување на претходниот договор, земјите на ОПЕК по инерција го зголемија производството на нафта, но во моментот кога почна да се шири коронавирусот и се намали побарувачката за нафта, цената падна на 22 долари, што е најниско ниво во последните две децении.
Фото: Pixabay