Шпанските работници на поголемите сообраќајни чворови добиваа маски за лице, откако владата ублажи одредени мерки кои беа воведени поради коронавирусот којшто однесе скоро 17.000 животи во земјата.
На почетокот на вториот месец со вонредните мерки, некои фирми кои не се во можност да вршат активности на далечина, како што се градежни и производствени компании, добија дозвола да продолжат со работа.
Некои регионални лидери ја критикуваа одлуката поради страв од повторен раст на заболени. Голем дел од населението сè уште треба да остане дома, а продавниците и кафулињата ќе останат затворени најмалку до 26 април.
Министерот за внатрешни работи на Шпанија, Фернандо Гранде Марласка изјави дека полицијата почнала да дели милиони маки ширум регионот.
Инаку, на железничката станица во Мадрид вчера беше забележано значително помал број на патници од вообичаеното, а нема ниту гужви на улиците.
Премиерот Педро Санчез рече дека одлуката за отворање одредени сектори на економијата е донесена по консултација со научни експерти и дека понатамошното ублажување ќе зависи од напредокот во борбата против вирусот.