Во Австрија се отвораат малите продавници, но под строги правила

82

Во Австрија денеска, по одлука на владата, по позитивниот тренд во борбата против коронавирусот, 4.600 продавници добиле одобрение да ги отворат своите врати за клиентите.

Станува збор за продавници за градежни материјали и градинарска опрема, како и мали продавници до 400 метри квадратни. Отворањето се врши под посебни мерки, а тоа е ограничување на бројот на клиенти во продавницата, како и задолжително носење заштитна маска и редовна дезинфекција на просториите.

Ако трговецот пушти многу купувачи во продавницата, следува парична казна од 3.600 евра.

Супермаркетите, аптеките и трафиките работеа цело време за да се обезбеди населението со потребни намирници.

Во првата фаза од постепеното релаксирање на ограничувањата, на малите дуќани сега им е дадена можност да ги отворат своите врати од 7:40 до 19 часот. Исто така, ќе можат да отворат механичарските работилници и сервисери за велосипеди.

Економските експерти, по оваа мерка, гледаат позитивен развој за економијата, бидејќи прекинувањето на трговијата, според Јоханес Кеплер, од Универзитетот Линц, чини помеѓу две до три милијарди евра.
Во исто време, стапи на сила и проширување на обврската за носење на заштитни маски на сите продавници, јавниот превоз, како и такси или други возила што комерцијално превезуваат патници.

Исто така, дозволено е отворање на парковите во Виена, кои сочинуваат 230 од вкупно 12.500 хектари од јавниот зелен простор на градот.

Фото: Pixabay