За само три години, инвестициите во Бугарија паднале за 80%, соопшти претседателот на Бугарската стопанска комора, Божидар Данев.
Според податоците, само во 2012 година истекот на капитал од Бугарија во соседните земји е зголемен за 60%.
Според Данев, причина за ваквата ситуација е лошото управување со земјата во последните неколку години.
“Не може за три години нашата земја од 38-мо место да падне на 53-то по конкурентност. И тоа меѓу земји кои исто така се во економска криза. Постојаното оправдување со кризата нема основа”, истакна Данев.
Според него, двете главни пречки за развојот на бизнисот во Бугарија се големиот број давачки и големата корупција.