Околу 55% од француската индустрија работи повторно по затворањето поради коронавирусот, изјави министерот за финансии Бруно ле Мер.
Францускиот министер исто така рече дека големината на пакетот за економска помош пораснала за 10 милијарди евра од претходно објавената бројка.
Ле Мер предупреди дека падот на БДП во Франција поради борбата против пандемијата на коронавирус ќе биде поголем од претходно проектираниот и ќе биде 8%.
За разлика од соседна Шпанија којашто почна да ги ублажува рестриктивните мерки, Франција во понеделникот ја продолжи наредбата за карантин до 11 мај.
Фото:Pixabay