Германија од 20-ти април ги отвора продавниците помали од 800 квадрати, училиштата од 4- ти мај

155

Германската канцеларка Ангела Меркел одлучи постепено да ги ублажи воведените мерки. Мерката за социјално дистанцирање е продолжена до трети мај, а од 20 април ќе се отворат продавниците кои имаат површина помала од 800 метри квадратни.

Меѓутоа фризери и останати дејности каде има близок контакт нема да можат да работат пред четврти мај.

Владата, исто така, ги советува граѓаните да носат маски при купување и во јавниот превоз, а училиштата ќе бидат постепено отворени, почнувајќи од четврти мај.

Религиските собирања во цркви, џамии, синагоги и останати храмови во Германија и понатаму остануваат забранети. Исто така, власта одлучи големите јавни настани да бидат забранети до 31-ви август.

Слични мерки, неделава презема и Австрија.

Фото: Pixabay