Славниот пар лансираше “карантински“ pinot noir

121

Славната холивудска двојка Ештон Качер и Мила Кунис склопија партнерство со американската винарија Nocking Point и со заеднички сили ќе го лансираат специјалното карантинско pinot noir вино под назив Quarantine Wine.

Актерите кои ги поминуваат карантински денови претежно дружејќи се со пријателите на социјалните мрежи или на виртуелни состаноци, решиле да помогнат во борбата против коронавирусот. Така, тие дојдоа до идеја да лансираат специјална етикета за вино, а профитот ќе биде дониран на добротворни организации на кои им веруваат, за да помогнат во борбата против вирусот.

“Ние се здруживме со нашите пријатели во винаријата Nocking Point чии вина навистина ги сакаме, а Мила ги смисли дизајнот и етикетата. Има интерактивна етикета на шишето, на којашто пишува Toasting to“, вели Качер.

Компанијата го продава виното по цена од 25 долари за шише, плус бесплатна испорака, но мора да нарачате минимум две шишиња.

Фото:P rintscreen