Научници од Универзитетот Масачусетс развиваат сензори што би можеле да бидат вградени во облека и веднаш да детектираат дали некое лице е заразено со коронавирус или не.
Овие сензори се мали и флексибилни што може да се вградат во било каква ткаенина, дури и најтенката што се користи за производство на спортска опрема. Исто така, сензорите ќе можат слободно да се перат без да се оштетат.
Сензорите може да се вградат во ткаенината или само да се постават по потреба, за да се менуваат во зависност од облеката што ја носи корисникот.
Главна задача на овие сензори би била следење на виталните знаци на оној кој ја носи облеката, како што се ритам на дишење, отчукување на срце и телесна температура. Добиените податоци ќе бидат лесно видливи преку апликација за мобилен телефон.
Исто така, сензорите може да им користат и на лекарите кои можат да ја следат состојбата на нивните пациенти кога не се во нивна близина.
Освен за во болници, овие сензори би можеле да се поставуваат и на спортска облека, па дури и на оделата на астронаутите за да се следат нивните витални функции додека се во мисија.
Фото: Pixabay