Дизелот од полноќ поевтинува за четири денари, додека цените на бензините се намалуваат од два до 2,50 денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Еден литар Еуросупер БС – 95 поевтинува за 2,50 денари и неговата нова цена ќе биде 49,50 денари. За два денари поевтин ќе се продава Еуросупер БС – 98, па ќе чини 52 денари за литар. Дизелот Еуродизел (Д-Е V) ќе поевтини за четири денари за литар со што неговата нова цена ќе биде 42,50 денари.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалува за 3,50 денари/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со Одлуката од 21.04.2020 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 30,50 ден/лит. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 2,178 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 21.04.2020 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 16,945 ден/кг.
Фото: Pixabay