Од почетокот на вонредната состојба, извозот на Србија достигна 882,2 милиони евра

74

Компаниите од Србија извезле стоки во вредност од 882,2 милиони евра од воведувањето вонредна состојба на 15 март до 15 април, додека во истиот период лани таа бројка изнесуваше 1,14 милијарди евра, според податоците на српското Министерството за финасии.

Најмногу е извезено пченка во вредност од 57 милиони евра. Следи преработеното овошје, хартија, картон, електромотори, леб, печива, колачи.

Најголем дел од извозот е во Германија, Босна и Херцеговина, Романија, Русија, Италија, Северна Македонија, Франција, Турција, Словенија, Хрватска.

Фото:Pixabay